Macedonian  Albanian              Instagram  Facebook  Directions

Зелен кров на ГТЦ

Дали знаете дека до 2050 година, повеќе од 70% од светското население ќе живее во градови?!
Зголемената урбанизација носи многу еколошки предизвици- загадување, поплави, зголемени температури во урбаните средини, бучава, нарушени еко системи.
Ни понестануваат зелени површини.
Што можеме да сториме?
Внимателно да избираме соодветни локации и соодветно зеленило со можност за одржлив развој во урбани средини и да “освојуваме“ нови површини (да креираме зелени кровови и зелени ѕидови).
Овој зелен кров на ГТЦ е идеја да се креира урбана зелена оаза на јавна површина во центар на градот на постоечка локација направена од бетон, да и се даде нов лик, да се приближи кон природата, да се создаде убав урбан мини парк и да се креира еко микро локација.
Изборот на растенијата е направен така да пружи динамичен пејсаж кој со бои и цветови ќе носи промени во изгледот на кровот во секоја сезона но и активно ќе учествува во намалување на аеро загадувањето и температурата во околината.
На овој кров се засадени голем број на висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, конифери , зеленики , ароматни растенија , грмушки , украсни треви и цветни перени.
Поставени се :
54 м2 зелен ѕидови
150 м2 тепих од седум
320 м2 трева
Полевањето е со автоматски систем за наводнување со строго дозирано количество на вода.